back

• Event center •

ЦЕНТАР ЗА НАСТАНИ SQUARE21

Проверете ги нашите понуди

КЛИКНЕТЕ ТУКА ЗА ДА ГИ РАЗГЛЕДАТЕ МЕНИЈАТА

Уживајте во високиот комодитет на најфреквентната улица во главниот град.

Ви стоиме на услуга за соработка, за планирање на средби, културни или друг вид настани, било да преферирате интимен или пак по спектакуларен амбиент каде ќе ги соберете вашите гости во простор кој нуди високи и модерни стандарди, со капацитет од 250 до 300 гости.

Амбиентот располага со ВИП зона со 60 луксузни фотелји и Ledcurtain Display со површина од 60 метри квадратни.

На влезот има лоби од 80 метри квадратни за дочек на гостите по повод – Бизнис вечери, роденденски прослави или гала настани, нашиот персонал ќе ви понуди професионална услуга и одлично мени.

Ние нудиме комбинирање на понудите од менито со цел да се задоволи сечиј вкус.

Храната се подготвува по највисоки стандарди и со свежи производи.

Местото, идеите и менаџерските услуги се во служба на организирање на вашиот настан кој ќе ги воодушеви вашите гости!

Во однос на паркинг места во непосредна близина се наоѓа новоизградена катна гаража која е на располагање на посетителите секој ден со работно време од 24 часа.

-CHEF-
Pierre Gabant